Во Леверкузен ги тријат рацете – Реал против германските гиганти


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откупната клаузула е 20 милиони евра.

Раководството на Баер го чека тешка работа бидејќи ваква шанса за профит тешко дека ќе се повтори уште еднаш. Јулијан Брандт одамна ги импресионира гигантите, а Марка пишува дека Реал Мадрид е спремен да го доведе. Марка соопшти дека Реал го заокружиле името на Брандт и дека на денешниот натпревар помеѓу Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид во ЛШ ќе има претставници на кралскиот клуб.

Со јасна задача – детален извештај за Брандт.

Се работи за 20-годишно крило кој е репрезентативец на Германија. Германските медиуми од порано пишуваа дека за Брандт има интерес од Баерн и Борусија и дека милионерите се спремни да ја платат клаузулата од 20 милиони евра. Од Леверкузен одговараат дека нема да го продадат овој фудбалер до јуни 2018-та година.

Баерн два пати беше одбиен, а на Брандт наводно не сака да оди во Минхен. Но, баварците така лесно не се откажуваат.

Се разбира дека условот за доаѓањето на Брандт на Сантијаго Бернабе е Зинедин Зидан да остане без Хамес или Иско.