Заврши бајката со Лестер – Раниери се враќа во Серија А?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клаудио Раниери и неговиот тим играат вечерва против Севиља во 1/8-финале во ЛШ, а тој откри дека одбил подобра понуда за да остане во Лестер.

Но сега работите не се идеални и тој на крајот на сезоната би можел да го напушти тимот.

Јасно, ако Лестер испадне, тоа е крај за Раниери, но се зборува дека сопствениците ќе се обидат да сменат нешто, ако тимот продолжи вака.

Иако натпреварот со Севиља е во 1/8-финале од ЛШ, сепак во клубот се свесни дека лигата, односно опстанок е најважна работа.

Раниери би можел да се врати во Италија и да ја води Фиорентина.

Тој е кандидат да го наследи Соуза, а нив веќе ги водеше од 1993 до 1997 година. Со нив успеа да се врати во Серија А, освои куп на италија и Суперкуп, а играше и ½-финале во Куп на победниците на куповите, каде што беше елиминиран од Барселона.