Алегри доби понуда која не се одбива


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во последните неколку месеци се повеќе се шпекулира за тоа дека Масимилиано Алегри на крајот на оваа сезона ќе го напушти Јувентус.

Италијанскиот стручнак по доаѓањето на клупата на Старата дама ја продолжи доминацијата на овој клуб во Серија А, а уште се се чека исчекор во Лигата на шампионите.

Иако бележи многу добри резултати со Јувентус се повеќе се зборува за тоа дека Алегри на крајот на оваа сезона може да го напушти клубот од Торино.

Медиумите на Апенините пренесоа синоќа дека Алегри разговарал со челниците на клубот заминување, а дека зад  тоа стои неверојатна позадина.

Наводно, овој италијански стручнак доби понуда која не може да ја одбие, за на крајот на сезоната наместо Луис Енрике да дојде на клупата на Барселона.

Поради тоа јавноста во Италија не е изненадена кога се појави информација дека челниците на Јувентус го контактирале Диего Симеоне, и дека сакаат тој да биде нов тренер на Старата дама.

Сепак, на крајот на сезоната многу работи овие шпекулации ќе бидат доста појасни.