Раиола се заканува во име на Јувентус, Галијани го искористи роденденот на Џиџи да го расплаче поради Милан (Видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Дали Џиџи заслужува голем Милан? Не, тој заслужува голем тим!“

Џиџи наполни 18 години. Во минатата сабота, најталентираниот голман на светот Џанлуиџи Донарума стана полнолетен, потоа ја сочува мрежата во Сасуоло и уште еднаш ја покажа врвната класа, а сега повторно се зборува за нов договор.

Да потсетиме, Донарума има мизерен договор со Милан до лето 2018 година. Росонерите сакаат да го блиндираат со нов професионален договор, но таа приказна се влечеше од само една причина.

Младиот голман го застапува контроверзниот Мино Раиола.

А тој само гледа како да извлече што поголем профит за себе. Затоа веќе некое време тлее оган околу потенцијалниот преми на Донарума во Јувентус.

Навистина, Раиола е во добри односи со Галијани, но во многу подобри со Јувентус и со својата „златна кокошка“ Павел Недвед. Јуве ги наостри канџите за на Милан да го украде Донарума кои го гледаат како наследник на Буфон.

Јувентус во коалиција со Раиола пробува да ја искористи конфузијата околу промената во Милан која се најавува веќе година и пол, но сеуште не се случи.

Галијани и понатака ја држи ситуацијата под контрола и прави се да го задржи Донарума иако нема пари на располагање.

Кинезите треба да го преземат клубот во наредните две недели, да ги промовираат своите луѓе на раководните позиции, но и на нив останува да ја завршат мисијата на Галијани бидејќи кој да управува во Милан, мора да пријде на Донарума како приоритетна задача.

Се очекува дека младиот голман во наредните години ќе биде темел на тимот на Милан и како Малдини целата кариера да ја помине во Милан.

На што е се спремен Галијани, најдобро покажа 18тиот роденден на Џиџи кој во клубот е одбележан како да е на Берлускони.

Видео честитката ја отвори Галијани со најдобра желба и посебно за продолжување на договорот, а потоа во пораката се редеа родителите на Џиџи, сестрата, братот, девојката, пријателите, соиграчите… Милан играше на картата емоција и победи.

Донарума не можеше да ги скрие емоциите, потоа се огласи со благодарност и желба за целата кариера да ја помине во Милан.

Да не е Раиола и неговите планови, тоа веќе досега ќе беше потпишано..

„Најубав роденен на Џиџи? Кој сум јас да противречам на Галијани… Верувам дека Џиџи зборува од срце. Овој дечко има големи човечки квалитети. Дали очекував ваков негов подем?

Само можам да кажам дека во Италија играчите во тие години не добиваат шанса“, рече Раиола.

Лукавиот агент одби да зборува за понатамошните планови со Џиџи…

„Знам многу работи, но тешко е да се предвиди иднината. Што ќе биде понатака, не знам… Направивме пакт да го оставиме детето на мира и да не зборуваме за тоа. Ќе има време за тоа. Дали останува во Милан? Не се слушнав со новите луѓе кои доаѓаат во Милан, не ги познавам, за мене Милан и понатака е Галијани. Кога Милан ќе добие нови сопственици, тогаш ќе зборувам со нив“.

Проблем за Раиола претставува желбата на играчите да останат во Милан и да трчаат за пари. Милан спреми понуда со околу 5 милиони по сезона, Раиола е свесен за капиталецот кој го има во рацете и бараше дупло. На крајот се зависи од Џиџи и ако одлучи да остане, Раиола ќе остане без голема провизија од Јувентус.

„Дечкото има свој пат, јас имам свој. Тоа се јасни правила. Јас сум тој кој гледа во иднината и ги следи можностите, а тогаш играчот бира. Чекам да видам каква е иднината на Милан.  Тоа е најважно прашање. Не можеш да се фокусираш на нов договор, ако не знаеш што понатака ќе биде со Милан“,  порака на Раиола упатена кон Сан Сиро.

Меѓутоа, опасност за Донарума да го привлечи Јувентус е моменталната супериорност и подобрата ситуација ги плаши навивачите на Милан.

„Дали Џиџи го заслужува големиот Милан? Не, тој заслужува голем тим! Не сум венчан ниту за еден клуб, мојата работа не е да бидам навивач“.