Интер жестоко казнет бидејќи навивачите го гаѓаа судијата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Интер се поразени во недела на домашен терен против Рома (3:1) во меч од 26 коло на италијанската Серија А.

Иако играчи на Интер пред натпреварот најавуваа победа на крајот Волчицата полесно од очекуваното со три бода го напушти Меаца.

Сепак, Интер по лошо ќе го памети овој меч бидејќи денеска стигна казна од Дисциплинската комисија.

Имено, Интер е казнет со 20 000 евра бидејќи навивачите на оваа екипа со разни предмети го гаѓаа судијата после завршувањето на натпреварот.

Само за среќа се спасија судиите бидејќи неколку шишина полни со вода беа фрлени на нив, но на среќа навивачите ги промашија.

Истотака, судијата во записникот стави и дека група на навивачи на Интер плукаа додека влегувале во тунелот на крајот на натпреварот.

Покрај парична Интер доби предупредување дека овие работи не треба да се повторуваат или казните ќе бидат доста поголеми.