„Останувам ли во Сити? Ќе видиме во јуни“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Серхио Агуеро во последно време се поврзува со трансфер во некој друг клуб.

По доаѓањето на Жесус во тимот, Агуеро се пресели на клупата, но по повредата на Бразилецот, тој повторно се врати во првиот тим.

Тој на медиумите им изјави дека има време да размисли до крајот на сезоната.

„Се што сакам во моментов е да играм фудбал. Останаа уште 3 месеци и сакам да дадам се од себе во тој период. Моја намера е да останам. Клубот може да каже што сака, но морам да разговарам со себеси во јуни. Дали ќе останам во Сити? Ќе видиме во јуни.“

Аргентинецот оваа сезона одигра 19 натпревари во ПЛ и постигна 11 голови.