Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Барселона нема да именува тренер до јуни, но решение наводно се наѕира.
Не се убедени во кандидатите кои се појавуваат во медиумите. Новиот тренер играше и со Луис Енрике, а Астуриецот му беше и тренер!
Тоа што е сигурно е дека до јуни нема да биде потврдно името на тренерот.
Се лицитира со имиња, двајца главни се Сампаоли и Валверде, но се споменува и Алегри, како и Покетино и Куман.
Меѓутоа, како што тврдат каталонските медиуми играчите сакаат некого кој ја познава ситуацијата, покрај тоа, не е управата убедена дека споменатите имиња се вистински решенија.
Еден од кандидатите останува Унзуе кој беше помошник на Луис Енрике, а сега во прв план излезе Чави.
Имено, легендарниот плејмејкер кој одигра најмногу натпревари за Барса замина на истокот, сега е помошник на младата репрезентација на Катар и сигурно е дека играчите ќе го поддржат.
Сепак, се поставува прашањето колку искуство има, никогаш не работеше самостојно, многумина веруваат дека тој план нема да успее.
Но, од друга страна шанса таква е пружена на Гвардиола, но тој го водеше младиот тим и тоа е најуспешниот период на историјата на Барселона.
Покрај тоа, заговорниците за враќање на Чави тврдат дека на тимот недостасува неговиот авторитет, дека тој беше душата на Барса и дека и како тренер може да ги спроведе своите идеи од кои Луис Енрике се откажа, но барем го обвинуваат дека Барса игра подруго откако Чави замина.