Алал вера на Гвардиола – Само будала мечтае за „Златна топка“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Токму така, фудбалот не е игра за индивидуални признанија. А тренерот на Сити смогна сили за тоа да го каже!

За Пеп Гвардиола индивидуалните награди не значат ништо. Тој и повредениот Габриел Жесус се кандидирани за менаџер и играч на месецот.

„Тоа не значи ништо, тажен сум поради Жесус бидејќи не може да ни помогне. Ова е тимска игра, а тоа кој е менаџер на месецот одлучува кој побеудва. Ако победуваат тие кои имаат повеќе пари да потрошат на подобри играчи“, исрен е Пеп.

Тој е свесен за сите можни награди.

Тоа е нормално, водев многу силни состави. Да не беа така добри, немаше да бидам наградуван. Важен е духот на тимот и играчите да напредуваат. Сите зависиме од играчите, а самите играчи од соиграчите, се што работиш работиш за екипата“, смета тренерот на Сити.

И тогаш што многумина го мислат ,а малкумина го кажуваат.

„Кога ќе слушнам фудбалер дека тврди дека сон му е да ја освои Златната топка прво што помислувам е дека тој е најголема будалештина. Тоа нема смисла. Суштината на фудбалот се трофеите со екипата и тоа за навивачите да бидат среќни. Денес во овој модерен фудбал сите се подруги отколку некогаш“, заклучи традиционалниот Гвардиола.

Што ќе речат Кристијано Роналдо и Лео Меси?