БОМБА – Венгер повторно на клупа на еден гигант?!

Французинот би можел да започне интересен проект.

Тренерот на Арсенал, Венгер би можел да седне на клупата на ПСЖ.

Венгер има договор со Арсенал до крајот на оваа сезона, а како што стојат работите, тимот нема да му понуди нов договор.

По срамниот пораз од Баерн Минхен со вкупен резултат од 10:2, сите тргнаа против Венгер и делува дека конечно дојде време за крај.

Тоа сака да го искористи сопственикот на ПСЖ, Ал-Келаифи кој сака да го донесе во тимот.

Тренерот Унај Емери изгуби доверба по поразот од Барселона со 6:1 и ПСЖ во лето ќе бара нов тренер.

ПСЖ има јасна цел да ја освои ЛШ, затоа што веќе има 4 титули во Лига 1, а останува да видиме дали Венгер има вистинско решение за тоа.