Нема отказ по дебаклот од Барселона – Емери доби поддршка од раководството на ПСЖ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Унај Емери ќе остане до крај на сезоната во ПСЖ. Иако се очекуваше тој да добие отказ по неверојатниот пораз од 6:1, сепак тоа не се случи.

Шпанецот и покрај испаѓањето од ЛШ ќе остане во тимот, а целосна поддршка му даде управата.

„Сите сме виновни за испаѓањето, апсолутно сите, од претседателот до спортскиот директор, тренерот и играчите.“

„Разговарав со него претходните денови. Тој на нашиот тим му дава квалитет и верувам во него. Ќе разговараме што ќе ни биде потребно на лето. Не може веднаш да стане најлош тренер во светот, а до пред неколку денови и првиот натпревар со Барселона, беше најдобар.“

Тимот на ПСЖ пред себе има натпреварување во куповите на Франција, како и Лига 1 каде што имаат 3 бодови помалку од Монако.