Голем хендикеп – Лоши вести за Монако пред реваншот со Сити!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Монако стигнаа до нова победа во Лига 1, но во второто полувреме имаа голем проблем.

Фалкао го повреди колкот и тој во моментов не е сигурен за натпреварот против Манчестер Сити во ЛШ.

Тоа е голем удар за Монако, затоа што Фалкао е најдобар стрелец на тимот оваа сезона, па сега цела тежина ќе падне на Мбапе, на кој друштво ќе му прави најверојатно Жермен.

Да потсетиме, првиот натпревар заврши со победа на Сити од 5:3, а 2 од 3 голови за Монако постигна Фалкао.