Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Фудбалерите на Ливерпул победија на Енфилд против Барнли во натпревар од 28-то коло во ПЛ, 2:1.
После седум минути игра, Барнс му донесе водство на Барнли. Ливерпул израмни во судиското продолжение во првото полувреме со погодокот на Вајналдум.
Емре Чан постигна фантастичен погодок во 61-ва минута за победа на Ливерпул, 2:1.
Ливерпул се наоѓа на четвртата позиција со еден бод помалку од Сити и Тотенхем кои имаат еден натпревар помалку.