Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Јувентус посакуваат вакво сценарио бидејќи на продажбата на Французинот може да заработат неспоредливо повеќе.
Баерн и Јуве имаат јасен договор околу Кингсли Коман.
Баварците до 30 април може да го откупат францускиот репрезентативец кој од лето 2015 година е на двегодишна позајмица.
Бјанконерите во тој случај ќе инкасираат 21 милиони евра.
Карл – Хајнц Румениге неодамна изјави дека Коман сигурно ќе остане во Баерн, но во Јувентус посакуваарт Гермнанците да се предомислат.
Причината е едноставна, крилниот напаѓач е на радарот на премиерлигашите кои се спремни добро да се потрошат за трансфер.
Француските медиуми пренесуваат дека Челси е спремен да издвои 60 милиони евра за доведување на Коман, што е всушност одговор на желбата на Манчестер Сити и нивните 50 милиони.
Но, со оглед на околностите шансите за Јувентус да се „офајди“ се минимални.
Многу пореално би било Баерн да го откупи Коман и да го продаде за многу повеќе пари и не е исклучена можноста одеднаш да се случи бидејќи не е во прв план.