Мурињо има порака за судијата од Стенфорд Бриџ


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо не издржа а да не го спомене главниот судија Мајкл Оливер после поразот од Челси.

Црвените ѓаволи вечерва се простија од ФА Куп во натпреварот кој од 35 минута играа со играч помалку.

Мурињо на своите играчи честиташе на големата борба и силниот отпор, додека за Оливер имаше интересна порака.

„Нема да зборувам за црвениот картон. Сакам да речам дека сум многу горд на своите играчи, но и на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Се бореа колку што можеа. Имаме важен натпревар во четврток и и сакам малку да се одмориме и да се подготвиме за тој најдобро што можеме“, започна Мурињо, кој потоа продолжи:

„Овој натпревар секако можеме да го анализираме од различни аспекти, но сите видовме дека црвениот картон ја промени ситуацијата на теренот. Ерера доби два жолти картони, но мислам дека не требаше да го добие вториот. Многу ќе го критикуваат судијата, но нема да одам во таа насока. Мајкл Оливер е судија со фантастичен потенцијал, но во четири натпревари против нас не досуди три пенали и покажа еден црвен картон.

Јас тоа не можам да го променам“.

Мурињо после натпреварот се поздрави со играчите на Челси, но и со Оливер.

„Одмавнав со раката и им реков дека искрено им честитам“, заклучи во свој стил Мурињо.