Гвардиола утре ќе стигне до голем јубилеј!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалерите на Сити утре играат реванш натпревар во 1/8-финалето на ЛШ во гости кај Монако.

Тоа ќе биде шанса за него да стигне до голем јубилеј.

Тој на утрешниот натпревар ќе стигне до бројката од 100 натпревари како тренер во европските натпреварувања.

Досега тој во европските натпреварувања има 61 победа, 23 ремиња и 15 порази.

Интересно, тој е најуспешен тренер по првите 100 натпревари во европските натпреварувања, а зад него е Ван Гал додека на трето место е Бенитез.

Тоа што исто така е импресивно е фактот дека Гвардиола никогаш не останал барем без ½-финале во ЛШ, а тренер е 9 години. Два пати ја освојуваше ЛШ и тоа во 2009 и 2011 година.