Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот Порто не се пласира во ¼-финалето на ЛШ, но Касиљас во вторникот испиша нов страница на фудбалската историја.
Искусниот голман стигна до својот 175-ти настап во еврокуповите и на тој начин стана нов рекордер.
На првото место го помина легендарниот капитен на Милан, Малдини. Касиљас одигра 157 натпревари, пред да премине во 2015-та година во Порто и продолжи да биде редовен актер на европската сцена.
Малдини е на второ место со 174, а трет е Чави со 173 натпревари додека во првите 10 се уште и Сидорф, Раул, Занети, Гигс, Реина, Карагер, Буфон.