Хендикеп за Вест Хем – Билиќ мора да оди на операција!

Хрватскиот тренер Славен Билиќ ќе мора да оди да го оперира колкот.

Тренерот на Вест Хем во текот на фудбалската кариера имаше проблеми со оваа повреда, а на нова операција ќе оди во мај.

Доколку до тогаш остане во тимот и доколку управата на Вест Хем го сака на клупата и наредната сезона, Билиќ во тоа време ќе треба да му го препушти раководењето на тимот на Јурчевиќ.

„Проблемите со колкот ги имам уште кога бев играч, а се кулминираше на СП 1998 година. Тогаш ситуацијата се закомплицира. За некој нормален живот не ми пречеше, но беше болно. Затоа и ја прекинав кариерата.“

Вест Хем во моментов има 33 освоени бодови, а денес доживеа пораз од Лестер со 3:2.