Дефо го напушта Сандерленд и се враќа во клубот каде што ја започна кариерата?

Џермеин Дефо ќе се врати во Вест Хем, барем така тврдат некои медиуми.

Доколку Сандерленд испадне во понизок ранг на натпреварување, најверојатно искусниот Дефо ќе бара нов клуб.

А ако ја погледнеме ситуацијата во ПЛ, Сандерленд е со едната нога во Чемпионшип, а се погласни се шпекулациите дека Дефо ќе се врати во Вест Хем.

Дефо кој игра одлично оваа сезона, односно во ПЛ постигна 14 голови и повторно заслужи повик во репрезентацијата, би можел бесплатно да замине во Вест Хем, клуб во кој во 1999 година ја започна својата кариера.