„Де Геа е приоритет на Реал!“

Голманот на Манчестер Јунајтед, Де Геа ќе биде следен приоритет на Реал, според Давид Гаридо.

Реал дојде блиску до потпис со овој голман во минатото, но Гаридо смета дека ова е годината во која ќе се компплетира тој трансфер.

„Де Геа е приоритет на Реал Мадрид. Навас е под голем притисок сега, може да се почуствува тоа. Луѓето зборуваат за тоа и може да го видите тоа на теренот.“

„За мене Де Геа е следниот Галактико.“