Го напушти Милан после 37 години!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендата на Милан се одлучи да го напушти својот клуб после 37 години.

Некогашен фудбалер, а потоа и помошен тренер и скаут – Мауро Тасоти го напушти Милан, година дена пред истекот на договорот.

Тасоти е роден Римјанин, на почетокот на професионалната кариера играше за Лацио, но од 1980 година, како 20-годишен, го прифати повикот од Милан каде што беше се до денеска.

Прво стана незаменлив член на прочуената одбрана со Франко Барези и Филипо Гали, а поготово со доаѓањето на Ариго Саки.

Тасоти тогаш беше неизоставен член на дефанизвната линија со Панучи, Малдини, Костакурта и Барези.

За Милан од 1980 до 1997 година одигра 583 меча и постигна 10 голови, ги освои сите можни трофеи и потоа влезе во тренерските води.

Прво беше тренер во младите категории, а потоа беше дел од секој стручен штаб од 2001 до 2015 година – Карло Анчелоти, Масимилиано Алегри, а потоа стана скаут на Росонерите.