Гвардиола сака Англичани, гледа кон северен Лондон!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Британија, тренерот на Манчестер Сити во наредниот преоден рок ќе проба да го ограби Тотенхем Спарс.

Јасно е дека шпанскиот стратег ќе мора многу да промени во редовите на својата екипа во ова лето, ако планира да се вклучи во борбата за трофеј на повеќе фронтови.

После ремито со Арсенал, шансите на Сити за освојување на тиулата и покрај поразот од Челси од Кристал Палас се еднакви на научна фантастика, а после натпреварот на Емирати јасно е и каде најмногу чкрипи.

Комбинираше Гвардиола во составувањето на последната линија во оваа сезона безброј пати и се чини дека не ја пронајде добитната комбинација.

Вчера на против Арсенал излезе Фернандињо во улога на десен бек, Стоунс, Отаменди и Клиши, но Кабаљеро два пати мораше да ја вади топката од мрежата.

Поради тоа, приоритет ќе бидат засилувања во одбраната, посебно на бековските позиции.

Според најновите информации мета се репрезентативите на Англија од редовите на Тотенхем Дени Роуз и Кајл Вокер, а кога е веќе тука, Гвардиола со нив сака да го купи и Деле Али.

Јасно е дека ангажирање на споменатите ќе биде невозможна мисија, а шпанскиот стратег верува дека најлесно може да дојде до десниот бек на Сините Кајл Вокер.

Било како било, ќе мора Сити богато да го плати секој од нив, ќе видиме како работите ќе се одвиваат во ова лето.