Забалета од лето ќе замине во нов клуб?

Управата на Вест Хем мора нешто да смени, прво тимот затоа што имаа уште една лоша сезона.

Тимот на Билиќ оваа сезона игра под сите очекувања и за да не се повтори уште една таква сезона, тие мораат да бараат засилувања.

Според медиумите, Вест Хем веќе се договорил со Забалета, кој од лето е слободен играч, а не е во плановите на Гвардиола.

Тој може да одигра уште 1-2 сезони на високо ниво и за тоа во Вест Хем се свесни. Тој ќе потпише 3-годишен договор со нив.