Коман започна преговори со тим од ПЛ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кингсли Коман ќе биде еден од најбараните фудбалери ова лето.

Тој моментално се наоѓа на позајмица од Јувентус во Баерн, а тимот од Минхен има право да го откупи неговиот договор со тоа што мора да платат 20 милиони евра на сметка на Јувентус до крајот на овој месец.

Доколку не се случи тоа, останатите тимови ќе имаат шанса да испратат понуди за него, а по се изгледа дека има голем конкуренција од ПЛ.

Откако Челси и Сити покажаа интерес за него, тоа го стори и Арсенал, кој наводно започнал преговори со играчот.

Сепак, моментално најмногу права имаат на него Баерн, а последните информации велат дека тимот од Минхен нема да пропушти шанса да го откупи.

Тој оваа сезона одигра 15 натпревари во БЛ и постигна 2 голови.