Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој сака да замине, Конте сака да го задржи, но заинтересирани клубови ги има се повеќе.
Се врати во летото во Челси од позајмица во Витезе, но не го задоволи италијанскиот стратег.
Доминик Соланке не успеа да го убеди Конте дека е спремен за првиот тим на Челси, а младиот напаѓач поради тоа е изразит во намерата да го напушти Бриџ.
Поранешниот селектор на Аѕурите сепак сака да го задржи, бидејќи е свесен дека Соланке во себе крие огромен потенција, но младиот Англичанец сепак сака да замине.
Имаше приказни дека бара и плата од 50 000 фунти неделно, сосема е јасно дека тоа никаде нема да го добие, па се претпоставува дека тоа беше само тактика да ги натера Сините да го пуштат.
Од порано интерес покажуваше Арсенал, се јави и РБ Лајпциг, а сега во целата приказна се вклучи и Фиорентина.
Во управата на Виолетите со драга воља сакаат да го видат во нивните бои, а се чини дека понуда од Серија А е и најпримамлива за младиот англиски репрезентативец.
Нема сомнеж дека ќе добие повеќе простор на Артемио Франки, отколку да речеме на Емирати, додека и Лајпциг би бил сосема солидна опција за младиот напаѓач на Челси.