Евертон заинтересиран за фудбалер на Тотенхем!

Евертон сака да го донесе Киеран Трипие.

Поради отсуството на Колмен, тие мораат да бараат негова замена, па затоа го гледаат овој фудбалер како идеален за својот тим.

26-годишниот играч не успеа да влезе во првиот тим покрај Вокер, па имаше само 7 настапи оваа сезона во ПЛ.

И Евертон се надева дека понудата за место во првиот тим, ќе го убеди Трипие да премине во Евертон.