Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Три столба во стратегијата што може Милан да го врати во врвот. За Донарума, Бензема и Обамејанг, ликвидирање на долговите, Монтела, дуплирање на приходите, финансискиот фер плеј, нов план, Галијани…
Повеќемесечна – да не речеме повеќегодишна – парада околу новите сопственици на Милан е денеска затворена.
Прв пат после преземањето на клубот од Силвио Берлускони кој газдаруваше на Милан 31 година, во јавноста се обратија новите сопственици.
Бизнисменот Ли Јонгхонг Ли е предводник на кинескиот конзирциум кои го купија Милан.
Дејвид Хан е втор во хиерархијата и тој се занимаваше со администрацијата во текот на преземањето на клубот.
Тие двајца се заштитни лица на новиот капитал во Милан.
Во јавноста прв пат на конференцијата за медиумите се обрати Ли Јонгхонг. И освен вообичаените церемонијални приказни за големата историја на славниот клуб и светлата традиција, не рече некои конкретни работи.
Го препушти тоа на Марко Фасоне, кој ќе биде човекот на доверба во Милан и нов генерален директор на клубот.
Потоа некогашниот функционер на Интер имаше детално излагање и одговори на сите прашања од медиумите.
Објасни зошто новите сопственици ја изгегнувале јавноста и ги дозволија сите контроверзни приказни кои ги следеле при преземањето на клубот.
„Очигледно дека постои скептицизам. Намерно останавме во сенка додека не ја завршивме зделката. Намерата е да не се докажуваме со зборови и приказни веќе со дела и факти“, рече Фасоне.
Каков Милан да очекуваме?
„Мојата визија е тим со талент и перспектива. Од август не пропуштив ниту едно полувреме од натпреварите на Милан, а зборував и со Галијани. Мислам дека ова е прв пат Милан да има најмлада екипа во Серија А. За тоа беше потребна голема храброст. Младите играчи се гаранција за светла иднина. Масимо Миралеби ќе ја преземе улогата спортски директор, но немаме намера да менуваме се во клубот. До крајот на мај ќе направиме проценка“.
Навивачите најмногу ги интересира звучни засилувања.
„Некои имиња кои веќе ги споменав ни се допаѓаат. Обамејанг или Бензема? Ќе доведеме еден или двајца напаѓачи од врвна класа. Но меѓу ветено и реализирано, на половина стои вољата на самиот играчот која мораме да ја почитуваме“.
Во која линија на тимот се очекува најмногу засилувања?
„Нема посебен сектор на кој сме фокусирани. Новиот спортски директор Мирабели ќе направи се со цел да го засили тимот. Прво мораме да видиме што пазарот нуди и какви се желбите на тренерот Монтела“.
Тренерот нема да се менува.
„Имаме целосна доверба во Монтела. Во јуни минатата година го поддржавме неговото доаѓање и сега го поддржуваме неговото останување“.
Како да се очекува големи вложувања од сопственикот кој подолго од година дена се мачеше да го купи Милан и го плаќаа во рати?
„Ве уверем дека немаше никакви проблеми околу финансиско преземање на клубот. Имаме потполно иновативни идеи што се однесува до финансиите на Милан. За повторно да бидат во рангот на европските гиганти, мораме да ги дуплираме приходите. Можеби дури и повеќе…Но тоа е моја работа“.
Новите сопственици ги очекува и санација на долговите кои растеа од година во година.
„Нема никакви проблеми околу долговите. Вистината на долгот е нормален за голем клуб како Милан и немаме никакви проблеми околу долгот.
Долгот е многу мал во однос на ресурсите кои клубот ги располага.
Решавав проблем на долг и во Интер кога дојдоа нови газди. Ли Јонгхонг има сериозни намери да вложи значајни пари во Милан. Вчера ги ликвидиравме сите долгови кон италијанските банки, вториот дел вложување ќе биде поврзан за вложување во текот на летниот преоден рок“.
Фасоне ќе биде задолжен за финансискиот препород на клубот и ветува стратетија која ќе се потпри на три столба.
Првиот е Лигата на шампионите, вториот е кинескиот пазар, а третиот нов стадион.
„Сакате да признаете или не, со новиот модел на Лигата на шампионите се менува фудбалот. Клуб кој ќе дојде до осмина финалето на Лигата на шампионите, ќе има загарантирани 50 милиони евра заработка. Милан мора да се врати во Лигата на шампионите од сезоната 2018/19 година. УЕФА ни олеснува бидејќи од таа сезона, Италија ќе има четири директни претставници“.
Новото раководство нема ништо против ни Лига на Европа за следната сезона.
„Би било добро да се пласираме во Лига Европа бидејќи треба повторно да се адаптираме на стил на живот како големите клубови кои играат Европа.
Ако сакаме Милан од кого повторно ќе се плаши конкуренцијата, тогаш би било добро да се вратиме во Европа. Целта која ја поставивме е пласман во Лигата на шампионите, но не сакаме да поставуваме граници. Постојат тимови кои се посилни од нас, но одма ќе ги засукаме ракавите со цел да направиме што посилен тим“.
Милан ќе има и проблем со финансискиот фер плеј кога ќе се врати во Европа.
„Многу сме благодарни на УЕФА која ни излезе во пресрет и ни го одложи мониторингот на 31 март. Имаа разбирања за систуцијата во клубот и промена на сопствеништвото, а веќе во следната недела ќе им го доставиме нашиот тригодишен план“.
Кинескиот пазар ќе биде вториот извор на приход.
„Нормално дека имаме намера да се шириме на кинескиот пазар и да добиваме од таму спонзори. Тоа е пазар кој сеуште никој до крај не го истражи. Ќе пријдеме на Кина на подруг начин од досегашниот. Тие се земја која сака фудбалски да напредува и ние за возврат ќе мораме да и дадеме нешто. Логично е тоа да биде нешто значајно. Ќе им дадеме нешто што немаат, а тие ќе инвестираат кај нас. Ги видов навивачите нивни и заклучив дека Милан е голем таму. Целта е таму да имаме компанија која ќе се занимава само со развој на Милан. Бидејќи од развојот на целите на Милан, ќе зависат и нашите цели овде“.
На крајот, новиот фудбалски план се заокружува со нов стадион.
„Стадионот е важна работа која сакаме да ја решиме што е можно побрзо. Секој голем клуб кој направи свој стадион, ги дуплираше приходите за година дена. Погледнете ги Јувентус, Баерн, и Арсенал. Тоа сакаме да го направиме. Зборував со Хан и Ли за тоа. Сакаме да играме на соодветен стадион за ова време. Сан Сиро е огромен, но ќе зборуваме со градските челници и со Интер и ќе пронајдеме решение. Тоа се три столба на нашата стратегија“.
Дали кинескиот капитал во Интер може да биде дополнителен мотив за новите сопственици во Милан?
„Да, здрава спортска конкуренција е секогаш добредојдена“.
Што ви рече Галијани?
„Да обратам внимание на нашите млади категории бидејќи имаме многу талентирани момци. Поготово тоа е една генерација која победуваше во сите натпревари од почетокот на сезоната… Нема да ги занемариме младите италијански фудбалери. Тоа прописите не ни дозволуваат. За среќа имаме добри млади Италијанци“.
Нивен предводник е голманот Донарума за чиј договор се потат навивачите на Милан.
„Во име на новото раководство можам да ја потврдам целата спремност и воља за што побрзо да го решиме тој проблем и Џиџи да стане симбол на овој клуб. Тој е еден од нашите приоритети и некои контакти веќе се извршени“.
Што ќе биде со Делуфеу?
„Тој е жешка тема. Очигледно е дека има квалитет, но прво ќе мораме да зборуваме со тренерот“.