Арбелоа договори трансфер во италијански гигант


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Искусниот дефанзивен фудбалер, Алваро Арбелоа најде нов клуб, соопштија италијанските медиуми.

После тоа што му истече договорот со Реал Мадрид, Арбелоа стана слободен играч  и може да бира во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Иако многу клубовите беа заинтересирани за него, тој на крајот се одлучи за Милан.

Арбелоа би требало да потпише 1-годишен договор со можност за продолжување на уште една.

Да потсетиме дека кариерата ја почна во Реал Мадрид, а подоцна играше за Депортиво и Ливерпул пред повторно да се врати во Реал Мадрид.