Милан ангажираше играч од Реал Мадрид, следен на мета е напаѓач!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Без старец нема удар – Милан го договори Арбелоа, а за Атомската мравка се бори со Рома

Управата на миланскиот клуб ги договори сите услови, и е на чекор до второто засилување.

Конечно убави вести за навивачите на Милан – стигнува засилување од Реал Мадрид ! И тоа за џабе. Како што јавуваат италијанските медиуми, Росонерите ги договорите сите услови со Алваро Арбелоа (33), кој на Сан Сиро ќе дојде како слободен играч поради тоа што му истече договорот со Кралскиот клуб.

Десниот бек ќе потпише едногодишен договор со можност за продолжување на соработката на истиот период. За место на десната аут линија ќе се бори со Игнасио Абате, Матија Де Шиљо и Давид Калабрија. Инаку, Арбелоа може да одговори на задачите и како лев бек.

Шпанскиот репрезентативец помина поголем дел од кариерата на стадионот Сантијаго Бернабе.

Поголем дел, поради тоа што во 2006 година премина во Депортиво Ла Коруња каде што се задржа една сезона, од каде што се пресели на Островот  и потпиша за Ливерпул.

Во Реал се врати после две сезони.

Милан не планира овде да запре. Калчомеркато јавува дека челниците на италијанскиот клуб фрли око и на Себастијан Џовинко, кој го пропушти неодамна завршеното ЕП. Да потсетиме, Антонио Конте не ја повика Атомската мравка поради тоа што овој игра во МЛС лигата, а тоа натпреварување според мислењето на новопечениот менаџер на Челси не било доволно квалитетно за Џовинко да се најде на списокот за ЕВРО.

Од друга страна, Милан сака да игра офанзива со домашни играчи, за што зборува во прилог и трансферот на Џанлука Лападула од Пескара и се изесното заминување на Луиз Адријано и Карлос Бака.

Не се распрашуваат само Росонерите за Џовинко. Тука е и Рома, чиј тренер Лучиано Спалети планира за во наредната сезона да игра без класичен центарфор, а 29-годишниот напаѓач кој совршено се вклопува во овој концепт.