„Торино не може да го купи Харт“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Торино, Миха изјави дека Торино нема да може да го задржи Харт.

Голманот е на позајмица во Торино и во последно време брани многу добро, а шансите да остане и наредната сезона во тимот се минимални. Се шпекулира дека Сити бара 15 милиони фунти за него.

„Јасно е дека Харт сака да остане, но сите сме свесни дека не може да го задржиме. Можеби може да остане уште една година на позајмица, но не можеме да го купиме.“

Харт на почетокот на оваа сезона остана без место во Сити. Гвардиола му даде предност на Браво, како и на Кабаљеро.

Доколку на крајот на сезоната се врати во Сити, тоа не значи дека таму ќе остане, затоа што за него се заинтересирани Ливерпул, Евертон и Вест Хем.