Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Џон Тери, на крајот од оваа сезона го напушта Челси, тоа денеска е потврдено од страна на лондонскиот клуб.
Тери пред скоро 20 години дебитираше во Челси, но оваа сезона го изгуби местото првотимец, па најави заминување, а сеуште не се знае дали ќе ја заврши кариерата.
Меѓутоа, денеска е потврдено дека ќе замине од Челси на крајот од оваа сезона, договорот му истекува ова лето и од Челси не се одлучија да му понудат нов.
За Челси има одиграно околу 500 натпревари и постигнато 40 погодоци.