Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Расел Вестбрук оваа година сруши многу рекорди, а минатата ноќ стигна до уште еден.
Одличниот бек на Оклахома стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој во првите 5 натпревари во плеј-оф серијата постигнал најмалку 150 поени, 50 скокови и 50 асистенции.
Сепак, неговите одлични игри не беа доволни Оклахома да избори пласман во второто коло. Подобри од нив беа Хјустон.
Вестбрук во првата рунда во плеј-оф просечно постигнува 37.4 поени, 11.6 скокови и 10.8 асистенции.