Тактичка победа - Маркез останува крал на Заксонринг

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез оствари маестрална победа на деветата трка во МОТО ГП на ГН на Германија.

Маркез ја запиша седмата по ред победа на Заксонринг, а четврта во кралската класа заблагодарувајќи му на одличната тактика.

На второто место се најде Кал Крачло, а на третото Андреа Довициозо. Роси и неговиот тим донесоја катастрофална одлука и на крајот заврши на осмото место. Неговиот тимски колега, Хорхе Лоренцо имаше уште една трка за заборавање и заврши на 15-та позиција.