Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа се случуваше и претходно, а се случува и денес.“
Дефанзивецот на Монако, Камил Глик признава дека можеби заслужил црвен картон поради газењето на Игуаин, но во исто време тврди дека Јувентус има голема помош од судиите.
„Не го згазнав намерно Игуаин, ниту имав намера да ги испровоцирам навивачите на Јувентус. Мислам дека заслужив црвен картон, но и претходно играчите на Јувентус не ги исклучуваа за полоши работи. Не мора ниту да се враќате во минатото, погледнете го само натпреварот со Торино и се ќе ви стане јасно.“
„Судиите секогаш му помагаат на Јувентус. За жал, тоа се случуваше порано, а се случува и денес. Јасно е дека во иднина ќе се случува истото и не може да го сопре никој.“