Со новиот тренер, стигнува и нов напаѓач!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако Рома во наредната сезона ќе игра во ЛШ, останувањето на Спалети не е сигурно.

Тој јасно најави дека има намера да го напушти тимот, а медиумите тврдат дека на негово место би дошол Еузебио Ди Франческо.

Тој ќе донесе и фудбалери кои се негова желба, а Џеко ќе добие конкуренција во нападот.

Нов играч на Рома најверојатно ќе биде Дефрел. Играч кој ќе го чини тимот 15 милиони евра, а иако не е ниту блиску со постигнување како Џеко, сигурно дека тој ќе му помогне многу на тимот.

Вториот фудбалер кој би можел да дојде во Рома е Пелегрини. Одличниот Лоренцо претходно играше за тимот и тие имаат право да го откупат за 10 милиони евра.