Интер платил на посредници дополнителни 4 милиони евра за Габигол

Интер мораше да плати огромни суми на посредничка агенција за доведување на Габигол.

Габигол пред оваа сезона стигна во Интер, се очекуваше многу од него поради тоа што е платен 30 милиони евра, но не успеа овој млад Бразилец да каже дека е вреден за дресот на славниот италијански клуб.

Еден италијански новинар објави дека Дојен Спрорт заработи 20 % од тој трансфер, а дополнителни 4 милиони евра се доделени на извесен Џулијано Пачеко Бертолучи.

Се е докажано и со хартии кои се потпишани и кој се објавени на италијанскиот сајт calciomercato.com.

Бертолучи работи со Киа Јорабичијан, човек кој донекаде и одговорен за останатите трансфери на Интер, пред се мислиме на трансферот на Жоао Марио. Вкупно Интер поради него потроши 70 милиони евра на Габигол и Марио.

Јорабичијан е многу познат менаџер во светот на фудбалот, ги доведе во Европа Тевез и Маскерано, Робињо, беше менаџер на Рамиреш, а сега е во договор и со Кутињо.