Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид имаат проблем со една од најголемите ѕвезди на клубот, така барем пишуваат шпанските медиуми.
Се работи за најскапо платениот играч на овој тим, Герет Бејл.
Бејл дојде во Мадрид пред четири години, но никогаш не го оправда потенцијалот за кој се сметаше дека го поседува.
Освен тоа, тој многу често е повреден, а тоа секако не одговара на тие кои издвоија огромни пари со цел да го ангажираат.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Серхио Рамос, Марсело, Фабио Коентрао, Касемиро, Роналдо, Асенсио и Иско не го сакаат Бејл во првиот состав, а се тоа со цел Иско да може да влезе наместо него во првиот тим.
Рака на срце, впечаток е дека Реал игра далеку подобро кога Иско е во првиот состав и дека тој фудбалер треба да игра повеќе, но на страна на Бејл сеуште се Лука Модриќ и Тони Крос.
Освен тоа и претседателот Флорентино Перез често го брани Бејл, а веројатно само со цел да ги оправда вложеното во него.
Бејл во оваа сезона одигра само 19 мечеви во Ла Лига и постигна само седум голови со една асистенција што за играч од 100 милиони евфра е многу лош учинок.