Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Барселона ја победија Анаитасуна на гости во натпревар од 29-то коло во Асобал, 22:28.
После првото полувреме каталонците имаа плус три, 10:13. Во вторите 30 минути од натпреварот гостите го зголемија водството и на крајот победија со 22:28.
Македонскиот најдобар ракометар, Кирил Лазаров ја предводеше Барселона со 7 погодоци од 9 обиди. Гонзало Перез Де Варгас беше одличен на голот на Барселона, 23 интервенции, а Борко Ристовски не настапи на денешниот натпревар. Освалдо Дос Сантос Маестро со 4 погодоци беше најефикасен во тимот на домашните.
Барселона денес ја запиша 29-та победа на исто толку одиграни натпревари во Асобал.