Планот на Мурињо успеа: Сезоната е успешна, Јунајтед ја освои Европската лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја освои Европската лига после што го победи Ајакс со 2:0 во финалето Стокхолм.

Многу работи Жозе Мурињо ги фрли во втор план, па и добар дел од првенството во Англија го жртвуваше поради Европската лига.

Беше свесен дека ова е еден од начините да се дојде до тројфе, но и она најважното – да се избори за ЛШ.

И успес Португалецот.

Бидејќи се чинеше дека сезоната на Манчестер Јунајтед беше за заборав, стигна голема утеха во пехар во Европската лига, без оглед што многумина ќе речат дека Јунајтед е клуб кој треба да се задоволува со пехари наменети за победниците во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Младата екипа на Ајакс играше добро во оваа сезона во Европската лига, но Јунајтед беше преголем залак и тоа се виде во првите минути од натпреварот.

Тимот на Мурињо ги контролираше работите на теренот и делуваше зрела и квалитетна.

Водечкиот гол Црвените ѓаволи го постигнаа во 18 минута, кога Маруан Фелаини го проигра Пол Погба, овој шутираше и повеќе среќно отколку умешно ја затресе мрежата на голот на Ајакс.

До крајот на првиот дел речиси да немаше никакви шанси, а холандскиот тим ретко се закануваше на голот на Серхио Ромеро, па на полувреме остана 1:0 за Јунајтед.

На самиот почеток на вториот дел Јунајтед го постигна вториот гол и тука беше мечот решен.

После уфрлување од корнер, Крис Смолинг добро скокна, а на крајот топката Хенрик Михтаријан ја испрати во мрежата.

Во продолжението од натпреварот речиси да немаше никакви шанси и Јунајтед лесно стигна до трофеј во Европската лига.

Веруваме дека и самиот Мурињо и играчите на Јуанјтед очекуваа далеку потешка работа во Стокхолм.

Во секој случај, планот на Мурињо успеа, сезоната е спасена и Црвените ѓаволи во идната сезона ќе играат во ЛШ, а на децата на Ајакс треба да им се оддаде почит за се тоа што го направија.