Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус во сабота ќе ги одмери силите со Реал Мадрид во финалето на ЛШ, а играчот за врска на Старата дама Клаудио Маркисио призна дека неговата екипа не смее да пропушти уште една шанса да дојде до трофеј.
Јувентус пред две години е поразен во финалето на ЛШ од Барселона, а нова шанса за освојување на престижното натпреварување ќе има во оваа сабота.
„Ова е втор пат да имаме шанса да го освоиме трофејот. Во кариерата на еден фудбалер не постои гаранција дека секогаш ќе добива шанса да игра ваков важен натпревар“, изјави Маркисио, па продолжи:
„Добивме втора шанса и не смееме да ја пропуштиме, бидејќи Лигата на шампионите е големо достигнување, а ние досега имавме одлична сезона па така мораме да завршиме со победа“.
„Финалината не се како полуфиналината или четвртфиналата каде што се играат два натпревари, па може да се „спасиш“ во реваншот. Ова е само еден натпревар и ќе има подеми и падови како и во секое финале“, рече италијанскиот фудбалер, и се наврати на противникот:
„Мораме да бидеме внимателни, поради единствена причина што тие имаат одлични играчи што можат да го променат текот на случувањето со важен гол во секој момент“.
„Тие го имаат Роналдо кој доста промени во изминатите години. Тој стана главен напаѓач, во споредба со Бензема кој сега многу повеќе се движи“.
„Роналдо стана вистинска закана во казнетиот простор, па така што мораме да обратиме внимание на него, но и на другите играчи како Иско или Лука Модриќ“, изјави Маркисио, и додаде за крај:
„Подготвени сме. Ги познаваме и едвај чекаме да дојде време за игра“.