Бомба на полноќ- Барса ги победи Реал и Мурињо и го доведе најголемото засилување!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изгледа дека е готово, каталонскиот клуб победи во „трката“ за потпис на еден од најбараните фудбалери во овој преоден рок.

Како што јавува „Мундо Депортиво“ Андре Гомеш е нов играч на Барселона!

Португалскиот репрезентативец и член на фудбалскиот клуб Валенсија ја избра Барселона пред Реал и Манчестер Јунајтед, кои истотака беа многу заинтересирани за неговите услуги.

„Мундо Депортиво“ пишува и дека Португалецот во наредните денови треба да потпише петгодишен договор со каталонскиот гигант.

Шпанскиот весник оваа вест ја стави и како вест на својот портал, а дека е во прашање готова работа потврди и доверлиов „Кадена Сер“.

Андре Гомеш во минатата сезона во Примера одигра 30 натпревари за Слепите Лилјаци, а запиша за тоа време и три гола и асистенции.

Се Верува дека Блауграната на адреса на тимот од Местаља ќе уплати 60 милиони евра за услугите на португалскиот играч за врска.

Според “transfermarkt.com” порталот, Гомеш од Бенфика во Валенсија премина за 15 милиони ера, и Валенсија направи одлична зделка со неговото продавање, како што профитира 45 милиони евра.

Дека зделката е завршена потврдија и од Барселона, бидејќи оваа информација ја потврдија на својот официјален Твитер профил.