Ракитиќ се огласи по повод трансферот

После доаѓањето на Андре Гомеш во каталонскиот тим, се појави голема гужва во средниот ред, но Ракитиќ сепак не сака да го дигне сидрото.

Тој се огласи преку друштвените мрежи и порача дека останува во Барселона и во наредната сезона.

„Спремен сум пополека за новата сезона, едвај чекам. Патем, мојот единствен агент е Артуро Каналес. Форза Барса“, напиша Ракитиќ.

Да потсетиме дека денеска се појави и информација дека Ракитиќ може да заврши и во Јувентус, но очигледно од тоа нема да биде ништо…