Бен Арфа „во војна“ со ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската кариера на Хатем Бен Арфа има многу подеми и падови.

По фантастичната сезона во Ница и трансферот во ПСЖ, повремениот репрезентативец на Франција повторно го допре фудбалското дно.

Во дресот на ПСЖ стартуваше само на пет натпревари минатата сезона иако во тимот дојде како големо засилување.

Сега парижаните по секоја цена се обидуваат да се ослободат од услугите на Бен Арфа, но тој за раскин на договорот си ги бара своите пет милиони фунти годишна плата.

Дали челните лица на вицешампионот на Франција ќе се согласат да ги платат барањата на Бен Арфа и со тоа и официјално да го отпуштат од клубот останува да видиме.