Де Бур пред промоција во Кристал Палас

Според медиумите во Англија, Кристал Палас набрзо ќе го промовира Франк Де Бур како нов предводник на клубот.

На Холанѓанецот му била понудена менаџерската позиција на „Селхрст Парк“ а преговорите се во напредна фаза.

Од Кристал Палас се во потрага по нов тренер по заминувањето на Сем Алрдајс по крајот на сезоната, а изборот паднал на Франк Де Бур откако првиот избор Марко Силва седна на клупата на Вотфорд.