Паулињо: Барселона ме посакува

Поранешниот член на Тотенхем, Паулињо потврди дека Барселона сака да го донесе во своите редови.

Паулињо кој сега игра во Кина за тимот на Гвангжу за „Глобо Еспорте“ изјави: „Имаше контакти со моите претставници и имаше и понуда. Многу сум среќен со мојот живот и кариерата во овој момент, па тешко е за мене да одлучам.“

Иако сите очекуваа трансферот во Кина да биде чекор назад за него истиот се покажа како полн погодок. Паулињо е редовен и во репрезентацијата на Бразил каде што исто така прикажува одлични изданија.

Играчот од средниот ред вели дека е среќен што Барселона се интересира за него но и дека треба да се поклопат многу работи за трансферот да се реализира.

„Мора да разгледам многу работи пред да ја донесам одлуката, пред се тука е мојата жена, плус го сакам животот во Кина.

Среќен сум што тим како Барселона се интересира за мене, тоа е нешто непроценливо. Немам рок до кога да им одговорам, зборувам со мојот агент секој ден, но исто така и Барселона и мојот тим треба да постигнат договор.“- заврши Паулињо.

Покрај Гвангжу, 28 годишниот фудбалер во својата кариера има настапувано Вилниус, Лоџ, Пао де Акуар, Брагантино, Коринтијанс и Тотенхем.