Официјално: Сиригу ќе го менува Харт во Торино

Салваторе Сиригу ќе биде нов голман на тимот на Торино откако стави потпис на договор со клубот од Италија.

Сега веќе поранешниот голман на ПСЖ се враќа во Серија А од каде замина во редовите на францускиот прволигаш пред пет години.

Сиригу во Торино доаѓа како слободен агент и е далеку поевтина варијанта од Џо Харт кој минатата сезона беше позајмен голман во клубот.