Крис Бош го напушта Мајами

Мајами Хит го отпушти Крис Бош поради проблеми со белите дробови бидејќи поради тоа нема да може да игра долго време, од Мајами потврдија дека неговиот дрес со број 1 веќе никој никогаш нема да го носи.

„Крис го промени животот и кариерата одкако дојде во Мајами. Исто така ги промени и нашите животи во позитивна смисла. Секогаш ќе му бидеме благодарни што не однесе до 4 НБА финалиња. Без дилема тој е еден од најдобрите играчи во историјата на клубот. Неговиот број 1 повеќе нема никој да го носи“- Изјави председателот на Мајами Пет Рајли.

Бош за 6 години во Мајами одигра 384 натпревари со просек од 18 поени и 7,3 скока.