Официјално: Реал го потврди трансферот на Тео


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Од редовите на Реал Мадрид штотуку и официјално објавија дека е постигнат договор со Атлетико Мадрид за услугите на младиот фудбалер Тео Хернандез.

Хернандез со „Кралевите“ ќе потпише шестгодишен договор, а на јавноста ќе биде презентиран на 10 јули.

Веднаш по промоцијата за медиумите Тео Хернандез ќе биде претставен во дресот на Реал Мадрид и на „Сантијаго Бернабе“.

Пред официјалната промоција Тео Хернандез ќе треба да ги мине и лекарските прегледи.