Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот клуб Фиорентина е сериозно заинтересиран за услугите на напаѓачот на ПСЖ, Хесе Родригез.
Клубот од Серија А бара замена за Никола Калиниќ кој треба да го комплетира трансферот во Милан, а изборот на „Виолетовите“ паднал на играчот кој минатата сезона ја помина на позајмица во Лас Палмас.
„Газета Дело Спорт“ пишува дека Фиорентина и ПСЖ веќе стартувале преговори за напаѓачот, а од клубот од Фиренца посакуваат да го донесат Хесе како позајмен фудбалер со право на откуп.
Некои шпекулации говорат дека и Илија Несторовски е во плановите на новиот тренер на Фиорентина, Стефано Пиоли.