Обамејанг останува во Борусија Дортмунд


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Едни од најугледните германски спортски медиуми, „Скај Германија“ и „Кикер“ објавија дека Пјер Емерик Обамејанг ќе остане во редовите на Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ имаа разговори со Милан за потенцијален трансфер на Габонецот, но по се изгледа нема да дојде до реализација на таков трансфер.

За Обамејанг имаше интерес и од Челси и од ПСЖ, но како што наведуваат германските медиуми Борусија Дортмунд нема да биде повеќе активна на трансфер пазарот ниту за носење нови фудбалери ниту за продавање на своите најдобри играчи.

Договорот на Обамејанг со Борусија Дортмунд истекува во 2020 година.