Твитот на Пике не значи дека Нејмар останува во Барса

Џерард Пике ја смири разбрануваната фудбалска јавност откако на Твитер објави фотографија со Нејмар под која напиша дека тој останува во клубот и нема да се пресели во ПСЖ.

Сепак, на вечерашната прес конференција на Барселона во САД, Пике истакна дека неговиот пост не е официјален и не значи дека Нејмар дефинитивно ќе остане.

„Објавата не беше нешто што е официјално. Тоа не зависи од мене. Само Неј може да каже што ќе се случи, а јас се надевам дека ќе остане. Ќе се обидам да му ја објаснам на Нејмар, како соиграч и пријател, ситуацијата во која што е. Ќе му кажам да не оди во лига, која со цела почит, не е толку добра“– коментираше Пике.